0 коментари 1 мин. читање

Apple со надградба на оперативниот систем ќе ги поправа телефоните

Apple сепак со надградба на оперативниот систем ќе ги поправа телефоните чиј екран престана да функционира по сервисирањето на неовластени сервисери. Компанијата реагираше набрзина по откривање на скандалот, оценува GSM Arena.

Новата 11.3.1 верзија на iOS ги надминува овие проблеми , па засега корисниците повторно можат да ги сервисираат своите екрани каде сакаат. Сепак се чини дека Apple неволно ја направи оваа промена, во најавата на iOS 11.3.1 компанијата објаснува:

„Неоргиналните замени на екрани може да го нарушат визуелниот квалитет и може да престанат да функцонираат. Во овластените сервиси од Apple поправките ги прават експерти кои користат оригинални Apple делови“

Apple со новата верзија на оперативниот систем ќе ја подобри безбедноста на iPhone 8 и iPhone 8 Plus.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top