Apple не забавува кога проширената реалност е во прашање. Компанијата најнапред работеше на хардверот за да овозможи проширена реалност на екранот на iPhone. Сепак кога проширената реалност е во прашање, се чини дека најпосакуван уред сепак се очилата.
Akonia Holographics е стартап кој работи на леќи. Станува збор за паметни леќи кои може да прикажуваат слики директно на стаклото. За разлика од останатите технологии, ова ќе овозможи презентирање на проширената реалност на целото видно поле. Секако колку е напредна технологијата и колку ќе се потврдат овие тврдења ќе мора да видиме во иднина.
Сепак најверојатно пресудно за купувањето на компанијата е портфолиото од 200 патенти кои ги поседува Akonia Holographics. Изгледа неверојатно дека Apple можеби ќе претстави очила, но ќе почекаме, пa ќе видиме.
Засега се непознати условите и цената под кој е донесен договорот. Сепак она што е сигурно е дека Apple наскоро ќе ни претстави нови и интересни новитети во проширената реалност.







