Warhammer: Vermintide 2 ќе биде бесплатна за играње овој викенд

Малку лоши работи би можеле да кажеме за Warhammer: Vermintide 2. Се работи за феноменална ко-оп игра во фантазиски опкружувања, со исклучително уникатни ликови и интригантни гејмплеј механики. Фановите на Left4Dead игрите има да се чувствуваат како да се дома со оваа игра. Fatshark, меѓутоа, и те како го имаат надградено урнекот кој беше воспоставен од Valve и нудат моќен коктел од акција и адреналинско ставање крај на бранови од предизвикувачки непријатели.

Но, немојте да нѝ верувате на нас. Warhammer: Vermintide 2 е бесплатна за играње цел викенд, а оние кои ќе импресионирани од пробаното, ќе можат да си се почестат копија од играта со попуст од 50%.

Warhammer: Vermintide 2 одлично се продава уште од самиот старт и некако се поставува како една од најдобрите ко-оп игри со до четворица играчи, а интересна забава за самостојно играње во кратки дози. Бесплатниот викенд се нуди во чест на новото DLC кое се вика Shadows Over Bogenhafen, а нуди дополнителни два нивоа во играта, како и нови квестови и работи од козметичка вредност, како капи, изгледи, рамки за портрети и илузии. Shadows Over Bogenhafen дефинитивно не е за потценување, особено откако ќе ја земете во предвид огромната должина на секое ниво, како и големата преигрувачка вредност.

Shadows Over Bogenhafen е првото од многуте планирани додатоци за играта.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk