0 коментари 2 мин. читање

Apple предлага апликации кои мора да ги имате на Apple Watch

Нема премногу време до почетокот на испорака на Apple Watch и во Apple се прават последните подготовки пред почетокот на продажба на часовникот. Во оваа насока е отворањето на Apple Watch App Store која на денот на отворањето со сè уште неиспорачан часовник има над 3.000 апликации. Нив можете да ги разгледате на App Store или на Watchaware.

Според Apple, дел од апликациите кои ќе им бидат веднаш достапни на корисниците и кои мора да ги имаат на часовникот се: Twitter; the New York Times; Yelp, Instagram (со поддршка за Emoji); Citymapper, апликација која ја презентира најбрзата рута во градскиот сообраќај; Dark Sky апликација за временска прогноза, Pacemaker; Elevate, апликација за вежбање на меморијата и Mint апликација која ги следи финансиите на корисникот, јави Buzzfeed кој ја објави листата. Со оглед на тоа дека Apple Watch ќе биде и фитнес додаток не изненадува ниту бројот на овие апликации: Fitstar Yoga, Runners, Strava, Golfshot се само дел од спортските апликации кои се достапни на Apple Watch App Store.

Часовникот веќе од денес треба да им биде достапен на корисниците, а креирањето на екосистем со што е можно повеќе апликации се покажува дека е клучно за речиси секој уред. Токму недостатокот на видеоигри за дел од рачните конзоли (најчесто Nintendo), е причината за неуспех на истите, па креирањето на App Store со над 3.000 апликации е чекор во вистинска насока, иако во Apple веќе го знаат ова, па посветеноста не изненадува. Но, засега недостаток е немањето „native“ поддршка за апликациите од трети девелопери, па доколку корисниците премногу се оддалечат од iPhone-от истите прекинуваат да функционираат. Од компанијата најавуваат дека работат на надградба на оперативниот систем за часовникот со која ќе се надминат овие проблеми, но барем за сега изгледа дека нема да биде достапна во догледен период.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top