0 коментари 2 мин. читање 10 јуни, 2014

Apple предвидува во октомври да продаде 5 милиони преносни уреди

Apple во октомври ќе ја презентира својата замисла за преносни компјутери, јавуваат извори на Recode. Уредот е дизајниран за да ги собира податоците од HеalthKit и фитнес апликациите и да ги постави на едно место. Компанијата е убедена во успехот на својот преносен уред, бидејќи предвидува продажба на 3 до 5 милиони примероци месечно.

Нивниот HealthKit е можеби еден од новитетите на кои компанијата работи пред да го презентира уредот. На WWDC Apple објави дека сервисот не е наменет единствено за девелоперите туки и за здравствени установи и медицински институции. iOS 8 е најавен за оваа е есен што се поклопува и со терминот за кој Apple го најавува својот уред. Apple на својот уред е можно да соработува со Nike кои неодамна ја прекинаа Fuelband паметната лента. Компаниите имаат договор за партнерство и според најавите ќе ги интегрираат своите услуги. Октомври е еден од термините во кој Apple презентира хардвер, на пример во 2013 година компанијата ги презентираше iPad Air, iPad mini Retina, Mac Pro и MacBook Pro, и можно е и овој октомври да бидат претставени нови уреди.

[youtube]xTjejvnBJfU[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top