0 коментари 2 мин. читање 10 јуни, 2014

Vodafone има тајни кабли кои го прислушуваат Интернетот

Vodafone објави дека дел од државите користат скриени линии кои се директно поврзани со нивната мрежа, за да ги прислушуваат и следат нивните корисници, без потреба од судски налози. Вакви линии се инсталирани во опремата на Vodafone во 29 држави во кои тие се оператор. Овие линии поврзани со опремата се во согласност со законот во овие држави или им дозволуваат на владите да поднесуваат вакви барања, јави Guardian. Дополнително дел од државите како Албанија, Катар, Малта, Индија, Египет, Унгарија, Романија, Јужна Африка и Турција не дозволуваат објавување на опсегот во кој операторите ги споделуваат овие податоци. Ваквите системи не само што немаат потреба од налози за следење или прислушување, туку овозможуваат и масовно следење на корисниците.

„Владите имаат пристап до телефонските разговори со едно притискање на копче е без преседан и застрашувачка. Објавата на Едвард Сноуден откри дека се смета дека на Интернет е се дозволено. Лагата дека се е добро се повеќе се разобличува – на нашите дигитални закони им е потребна целосна промена“, вели Шами Чакрабати, Директор на организацијата за граѓански слободи – Liberty.

Vodafone побара сите директни линкови да бидат прикинати, а законите кои ги овозможуваат да бидат повлечени. Државите да почнат да ги објавуваат податоците за тоа колку налози за прислушување се побарани. Единствено поголема транспарентност од владите, ќе овозможи зголемуваење на приватноста на корисниците.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top