Пред неколку години сите ја фалеа иновативноста за новиот дизајн на копчињата, а денес Apple е пред групна тужба. Групна тужба против Apple е поднесена пред судот во Калифорнија. Проблемите започнуваат со редизајнот на тастатурата направен во 2017 година.
Apple во 2015 година претстави нов дизајн на механизмот на копчињата. Главната придобивка од ваквиот дизајн беше што овозможи MacBook моделите да бидат уште потенки. Во 2017 година компанијата го надгради дизајнот, а копчињата по оваа надградба станаа значително понежни.
За жал, се чини дека оваа иновација не го помина успешно тестот на времето. Илјадници компјутери и тастатури се расипани и се нефункционални заради пропуст. Во моментов има активна петиција поддржана од 20 000 потписи со барање Apple да ги замени лаптопите со дефектна тастатура.
На тастатурите им пречи и мала прашинка и тие престануваат да функционираат, велат тужителите. Она што е проблематично е тврдењето дека компанијата знаела за дефектот и пред да почнат да ги продаваат компјутерите.
Проблем е што дефектите се појавуваат и на нови компјутери. Сервисирањето не е едноставно и најчесто за него треба да се чека. Еден од купувачите дури требал да плати 700 долари за сервисирање, вели Apple Insider. Наместо сервис, купувачите се решаваат за екстерна тастатура. Ова можеби е побезболно, но секако не е посекувано решение.
Новата тастатура на Apple се расипува два пати повеќе од претходниот модел. Тужителите сметаат дека тастатурата има грешка во дизајнот, и дека Apple знаел за грешката пред да започне да ги продава уредите.
Тужителите бараат отштета и признавање дека тастатурата има грешка во дизајнот.