Apple повторно го испорача Mac Pro во Европа, по забраната на стариот модел

0 коментари 1 мин. читање

Mac Pro конечно по пауза од речиси села година повторно се враќа во Европа. Забраната беше дел од новата европска легислатива, а претходниот модел на Mac Pro не ги задоволуваше условите кои ги поставија европските законодавци. Новиот Mac Pro по се изгледа ги задоволува стандардите и повторно може да се најде во продавниците на државите членки на унијата, но и на аспирантите за членство бидејќи Apple и од овие држави ги повлече своите уреди. Проблемите кои се надминати со новиот Mac Pro, кој импресионира со дизајнот, моќта и цените, се отстранување на можноста за допирање на вентилаторот и промена во поврзувањето.

Првите компјутери кои пристигнаа се од претпродажбата, а сите кои ќе го нарачаат Mac Pro денес ќе можат да го очекуваат во февруари, јавува 9to5Mac.

[youtube]IbWOQWw1wkM[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед