Apple објави јавна бета верзија од Safari 4

во Софтвер

{mosimage}Apple вчера објави јавна бета верзија од следната генерација на својот интернет прелистувач Safari 4, за Windows и Mac. Apple во новиот Safari, го вгради JavaScript енџинот, кој е наречен “Нитро”. Според Apple, со овој енџин, новата верзија на Safari е повеќе од 4 пати побрза од Safari 3, до 30 пати побрза од Internet Explorer 7 и 3 пати побрза од Firefox. Нитрото исто така му овозможува на Safari 4 да вчитува HTML страници 3 пати побрзо отколку IE 7. Според овие податоци, Safari 4 ќе биде најбрзиот прелистувач досега.

Во новите работи кај Safari 4 се вбројуваат:

  • Top Sites, опција за визуелен преглед на често посетуваните сајтови
  • Full History Search, односно, пребарување низ насловите, веб адресите и низ целиот текст на неодамна посетените сајтови
  • Cover Flow, за лесна навигација низ историјата на посетени сајтови и обележани сајтови
  • Tabs on Top, за полесно пребарување со помош на табови.

{mosimage}

Safari 4 вклучува и HTML 5 поддршка за офлајн технологиите, односно за веб-базираните апликации да можат да ги зачувуваат информациите локално, без интернет конекција. Прелистувачот исто така нуди поддршка за напредните CSS ефекти.

Според Net Applications Inc., прелистувачот на Apple поседува 8.3% од сите прелистувачи користени во минатиот месец, што претставува зголемување за околу 0.4% во однос на декември 2008. Со само 0.3%,  Windows верзијата од прелистувачот е многу мал дел од пазарниот удел на Safari. Internet Explorer останува најшироко употребуван прелистувач со 67.6% во Јануари, додека Firefox го држи второто место со 21.5%.

Safari 4 е бесплатен и достапен за симнување од сајтот на Apple, за Mac OS X 10.4.11 и 10.5.6, како и за Windows XP и Vista.



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments