Apple настанот на 12 септември за прв пат ќе биде пренесуван на Twitter

0 коментари 1 мин. читање

Малку по малку презентациите на Apple се појавуваат на повеќе платформи. По прелистувачот Edge на Microsoft, па Chrome и Firefox, на ред дојде и микроблогот Twitter.

За прв пат во историјата на Apple, стримот од конференцијата ќе биде пренесуван во живо и на Twitter.

Секако поинтересно ќе биде она што Apple ќе го претстави. Компанијата секако ги чува изненадувањата за конференцијата, но веќе се појавија неколку шпекулации. Apple најверојатно повторно ќе претстави 3 уреди. Интересно е што од она што се навестува дека сите телефони ќе бидат „X“. Поточно iPhone Xs, iPhone Xs Max и iPhone Xr. Телефоните се со големина од 5,8; 6,5 и 6,1-инчи, вели Fast Company.

Веројатно ќе има и нов Apple часовник, iPad, Mac или Macbook, но засега нема потврда. За среќа не мора да чекаме предолго, а настанот ќе започне за неколку часа.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед