0 коментари 1 мин. читање

Apple најави настан за iPhone 12 за следната недела

Apple испрати покана за настан на 13 октомври на кој ќе биде претставен iPhone 12. најавата доаѓа со слоганот „Hi Speed“.

Компанијата оваа година ги раздели настаните на кои ќе го претстави својот хардвер. На средината на септември ги видовме Apple Watch, новиот iPad и iOS 14, а месец подоцна ги очекуваме и телефоните. Единствена причина поради која телефоните ги пропуштија вообичаениот термин во септември е пандемијата. Според очекувањата веројатно поради пандемијата ќе доцни и испораката на телефоните.

Од она што веќе можевме да го „начуеме“ овој пат Apple ќе претстави 4 телефони. Веројатно уредите ќе дојдат со поддршка за 5G мрежа, но за точни податоци ќе почекаме уште помалку од недела.

Ако сакате да го следите во живо наједноставно ќе биде настанот да го следите на YouTube

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

Мени
Заедница
Изглед
To top