Две електрични централи во САД се најдоа на мета на софистицирани сајбер напади, јавува BBC. Нападот започнал во октомври минатата година, а последиците од истиот не се целосно разјаснети.
Во својата истрага американскиот CERT (Cyber Emergency Response Team) откри дека електраните биле цел на софистициран, но и на вообичаен малициозен софтвер. Софтверот го зафатил системот за контрола и регулација на работата на турбината, кој е составен од десетина компјутери. Целиот систем е заразен од ист извор. Кога вработениот правел рутински бекап на конфигурацијата на работните станици, заедно со бекапот го транспортирал и малициозниот софтвер.
Компјутерите во електраната се заразени преку USB-то на овој работник, објаснува CERT во својот извештај. Вирусот е откриен кога вработениот го однел USB-стикот во ИТ секторот поради неправила работа. По овој напад ќе биде правена поригорозна контрола на исправноста на овие стикчиња што пак од своја страна ќе значи подолго траење на одржувањето.
Ова е прв пат ваков напад да биде направен на територијата на САД, иако не е непознат за остатокот а светот. Иран на пример се соочија со сајбер напад кој предизвика сериозни пречки во развојот на нивната нуклеарна програма. Засега никој не ја предзема одговорноста за нападот, иако можен повод е изјавата на Претседателот Обама дека САД стојат зад сајбер нападите на Иран. CERT изјавува дека очекуваат бројот на вакви напади во САД да порасне во иднина.