0 коментари 2 мин. читање 12 април, 2018

Apple ќе продуцира серија според Foundation на Исак Асимов

„Foundation“ без сомневање е еден од култните научно-фантастични серијали, а Apple најави серија базирна на книгата. Компанијата сè уште нема сервис за стрим, но креирањето на содржина секако е одлично решение.

Серијалот започна како трилогија: Foundation, Foundation and Empire и Second Foundation. Подоцна на овој серијал се додадени уште неколку книги, дел како продолженија, а дел како претходници на основниот серијал. Серијалот е пишуван од 1942 па се до 92, 93 година.

Сепак она што е поимпресивно е влијанието кое серијалот го има. Книгите на г. Асимов имаа влијание на куп серијали од Star Wars до The Hitchhiker’s Guide to the Galaxy, констатира Ars Technica.

На серијата ќе работат Дејвид Гојер и Џош Фридман, кои работеа и на Batman Begins и на Terminator. Продуценти на серијата ќе бидат Skydance Television кои работеа на Altered Carbon. Со оглед на тоа дека книгите опфаќаат период од стотици години, адаптацијата ќе биде предизвик.

Без разлика колку ќе биде добра серијата, ние ви препорачуваме да ја прочитате книгата.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top