Играјте 60 класични преносливи игри

Во времето пред модерните компјутерски системи и конзоли, игрите се испорачуваа во многу поразнична форма. Постарите читатели дефинитивно се присетуваат на бројните LCD игри кои се продаваа како посебна пренослива направа и се одликуваа со основна графика, но, на времето, со огромен забавен фактор. Зборуваме за добро-познатите игри како Altered Beast, Donkey Kong, Pack-Man или Double Dragon, игри создадени од тогашните гиганти Tiger Electronics, Coleco, Bandai или Konami.

Моментно, наоѓање на таквите handheld направи знае да биде исклучителна мачна и скапа авантура, па затоа Internet Archive се погрижија да направат шеесет од таквите класични игри бесплатно достапни до сите заинтересирани. За секоја игра имате избор да играте дигитална верзија во LCD, LED или VFR дисплеј, како и подобро да се запознаете со историјата на играта и упатство за играње.

Дискутабилно е колку оваа колекција ќе го задоволи модерниот гејмер со ограничените и репетивни механики, но оние кои го го имаат доживеано златното доба на handheld гејмингот од осумдесетите и деведесетите би можеле да се изненадат од носталгичното патување во кое ќе бидат вовлечени.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments