Apple во преговори да го купи одделот за производство на чипови за модем од Intel

во Вести

Apple и Intel се во напредна фаза на преговори со кои одделот за производство на модем-чипови ќе се префли во сопственост на Apple. Ова е еден од елементите за iPhone што Apple не ги развива самостојно, барем засега. Доколку разговорите завршат во очекувана насока, зделката може наскоро да биде и официјално објавена.

Процената е дека патентите во сопственост на Intel и персоналот се проценети на 1 милијарда долари, пренесе Wall Street Journal. Со оглед на вредноста на двете компании оваа 1 милијарда и не изгледа преголема.

Со промената на сопственоста Apple ќе добие тим кој ќе работи на технологија која е од исклучителна важност при развојот и производството на паметни телефони. Имајќи предвид дека сме во период во кој производителите полека се префлаат од 4G на 5G мрежа, оваа зделка секако добива на тежина.

Apple и досега имаше оддел за производство на чипови, а со ова одделот ќе добие на капацитет, а без сомневање и на квалитет.

Што се однесува до Intel тие ќе може да се ослободат од оддел кој им носи загуби. Откако задоцнија во „трката“ за освојување на мобилниот пазар овие оддели им носат загуба. Одделот за развој и производство на електроника за паметни телефони секоја година и носи загуба на компанијата од 1 милијарда долари.

Кога чиповите за модем се во прашање Apple не беше во завидна положба. Компанијата овие чипови ги купуваше од  Qualcomm. Двете компании се во лоши односи последниве неколку години, главно поради спор токму за овие чипови.

Ако биде постигнат договор веројатно одделот ќе биде целосно интегриран во Apple.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments