0 коментари 1 мин. читање

Телефоните можат да се следат и единствено преку батеријата?

Батеријата на телефонот е сосема доволна алатка преку која може да се следат корисниците на Android телефони, јави BBC. Android телефоните користат повеќе енергија колку се подалеку од базните станици, но и доколку помеѓу нив и базната станица има пречки/објекти. Поради ова постои можност за софистицирани алгоритми да го следат оптоварувањето на батеријата, и според тоа да направат проценка за движењето на корисникот.

„Станува збор за малициозен софтвер кој не бара пермисии ниту за GPS, ниту за било какви локациски податоци. Единствено е потребна дозвола за конектирање и податоци за состојбата на батеријат. Ова се вообичаени пермисии за апликациите кои нема да ги направат корисниците сомничави.“, вели тимот кој го откри пропустот составен од Јан Мичалевски, Ден Боне и Арон Шулман од Универзитетот Станфорд и Габи Накибли од Rafael Ltd.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top