App.net друштвената мрежа која ја претставивме пред околу еден месец, неодамна ги објави своите планови за развивачите. Имено, сервисот кој сега има над 20.000 корисници ќе ги плаќа развивачите доколку развиваат апликации за нивната платформа, а сумата која може да оди до 20.000 долари ќе им биде исплатена во зависност од корисничките повратни информации.
Повеќе за финансиското наградување на развивачите на App.net апликации можете да прочитате на официјалниот блог. Со цел да се заштитат и развивачите да ја добијат вистинската сума, корисниците ќе бидат директно вклучени во изборот на трети апликации кои ќе бидат наградени. Анкетата ќе се спроведува еднаш месечно и ќе можете да ги оценувате сите апликации кои сте ги користеле во тековниот месец.
Во меѓувреме мрежата ја намаи годишната претплата од 50 на 36 долари.
Join the Movement at join.app.net from AppDotNet on Vimeo.







