Smart Braille е македонска Android апликација која е една од ретките која навистина може да конкурира на светскиот пазар. Станува збор за апликација која екранот на паметниот телефон го претвора во тастатура за браево писмо. Благодарение на ова, пишувањето на паметен телефон за лицата со оштетен вид е значително поедноставно. Дополнително, во самата апликација е интегриран и text-reader кој овозможува лицето со оштетен вид само да го насочи уредот кон текст и телефонот ќе го „прочита“.
Апликацијата е дело на Никола Тасевски и Стефан Тасевски. Двајца се студенти во втора година на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство. За развојот на првата верзија на апликацијата им беа потребни околу две недели. Оттогаш апликацијата има и две надградби. Надграбите произлегоа од комуникацијата со корисниците кои постојано ни праќаат сугестии, велат Никола и Стефан.
Пред околу еден месец за Smart Braille беше објавено во официјалната група за слепи лица од Google – Eyes free; група која претходно не ја знаевме, но која сега активно ја користиме за комуникација со корисниците на апликацијата.
Токму оваа комуникација помага апликацијата да биде не само корисна, туку и супер едноставна за користење. Иако ќе треба да се погледне документацијата за да дознате како баш сè работи. Она што апликацијата го овозможува е преку поделба на екранот на шест дела значително полесно пишување со браево писмо. Секако кориникот може да користи voice-to-text, но ова не секогаш е соодветно, и речиси никогаш не е приватно. Шесте полиња на телефонот соодветствуваат на полињата кои се користат и за браево писмо, па ова го прави пишувањето значително поедноставно.

Што се однесува до вториот дел, кој сепак и не е главна функционалност, текст-читачот функционира како и што би очекувале. Го фокусирате телефонот кон текстот и притискате на екранот. Штом притиснете на екранот апликацијата започнува да „чита“, следното притискање го паузира читањето. За копирање на текстот се притиска подолго. Лоша вест е дека засега ова не функционира со кирилични фонтови. Сепак девелоперите очекуваат наскоро апито да биде надградено, што ќе значи и прифаќање на кириличните текстови.
Моментално поддржува само јазици кои користат латиница (има информација во Documentation на апликацијата), но се препознаваат и дополнителни специјални карактери кои се застапени на пример во чешкиот, германскиот јазик и т.н. За жал, апито не поддржува кирилична поддршка, меѓутоа е доста веројатно дека ќе биде овозможена во блиска иднина бидејќи cloud базираното апи веќе ја овозможува, па веројатно истата ке биде имплементирана и во мобилното апи. Во моментот кога ќе биде достапна веднаш ќе биде имплементирана и од наша страна.
Што може да очекуваме во иднина?
Сепак развивачите не застануваат на ова. Никола Тасевски и Стефан Тасевски работат на надградба на апликациjата, но и на верзија на апликцијата / тастатурата за iOS
„Работиме на решение кое ќе им овозможи уште побрзо внесување на карактери. Но, се разбира нов концепт е. Потребно е време истиот да стане навика на корисниците со оштетен вид, има позитивни реакции и сметаме дека решава доста проблеми, особено тоа што овозможува значително поголема приватност при пишувањето“.
Добивај известувања
Најава
0 Коментари
Најнови







