Апликација на денот: Стримајте музика од Google Drive на вашиот Android телефон

1 коментар 2 мин. читање

Слушајте ја вашата омилена музика зачувана на Google Drive директно на вашиот Android паметен телефон со помош на Music Drive. Music Drive е бесплатна и едноставна апликација која ви овозможува да ги стримуваат своите mp3 датотеки кои се зачувани на Google Drive, а со тоа и да заштедат на меморија во мобилниот телефон.

Сепак, оваа апликација и не е баш најдобра алтернатива на Google Play Music, што е и официјална апликација за таа намена од страна на Google. Но постои една замерка, а тоа е дека Google Play Music е достапна само во САД. А што се однесува до тоа дека не е најдобра алтернатива, Music Drive нема да ве спаси од поединечното преземање на песната што сакате да ја пуштите.

Откако ќе ја инсталирате и поврзите апликацијата со вашиот Google профил, апликацијата ќе го скенира вашиот Google Drive простор и ќе ги „извади“ сите mp3 датотеки, така што ќе ги преорганизира во три главни категории, односно јазичиња – Песни, албуми и артисти.

Music Drive ги содржи сите контроли потребни за еден музички плеер, но со оглед на тоа дека се работи за свежба апликација излезена на маркетот и што допрва треба да се развива, се надеваме дека во иднина ќе котира на висока позиција помеѓу апликациите за Android оперативниот систем.

Апликацијата е во верзија 0.0.2, работи на Android 2.2+ и можете бесплатно да ја преземете од Google Play маркетот.

[youtube]IsdF-SS6Bg0[/youtube]

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед