Апликација на денот: Walk Me Up! алармот сигурно ќе ве разбуди навреме

во Совети

За разлика од останатите аларми кои постојат, Walk Me Up алармот ќе ве натера да станете од кревет и да oдите наоколу, односно да направите неколку чекори за тој да престане да ѕвони. Апликацијата користи напреден алгоритам за да го изброи бројот на чекори што го имате направено, откако тој ќе се исклучи. Исто така, доколку се обидете да го тресете телефонот, тоа нема да помине кај него. Едноставно, ќе морате да станете за да се исклучи. Ефективно будење, мора да се признае.

Апликацијата е едноставна за користење со налик на стандардниот аларм што го има Android, но со неколку дополнителни можности. Evil Mode е мод во кој ќе го оневозможите Snooze копчето, така што ќе мора веднаш да станете. Исто така, бројот на чекори што треба да ги направите вие самите го поставувате, препорачливо е 7-10 чекори. Инаку, мало промашување во концептот е што доколку ставите алармот да вибрира, кај некои телефони тоа може да резултира со броење на чекорите.

Апликацијата е бесплатна и можете да ја преземете од Google Play.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments