1 коментар 2 мин. читање 23 мај, 2013

Апликација на денот: Следете ги вашите активности преку tenXer на iPhone

Доколку сте личност која сака да следи што точно работи и да има увид во сите свои активности, tenXer за iPhone е одлична апликација за таа намена. TenXer, покрај останатото, овозможува и следење на вашата локација, па така точно може да утврди колку време сте поминале на работа.

За да ја користите оваа апликација, потребно е да се регистрирате, а тоа можете да го сторите после инсталирањето на апликацијата. Сепак, доколку сакате да додадете повеќе информации и врски до вашите профили на друштвените мрежи, ќе морате да се упатите на веб сајтот на tenXer.

Стандардно, апликацијата следи само една од вашите активности, а тоа е времето поминато на работа. На почетокот е потребно само да означете каде се наоѓа вашето работно место, а останатото е на апликацијата. Додека, другите активности е потребно самите да ги додадете . Исто така, постои и можност за автоматско следење на активностите, а до тие поставувања се стига од иконката во десниот горен агол. TenXer е бесплатна апликација и можете да ја преземете од Аpp Store.

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
ime
ime
13 years ago

Dali ima nesto slicno za windows 7,xp ?

Мени
Заедница
Изглед
To top