2 коментари 2 мин. читање 23 мај, 2013

Што работи Google во својата тајна лаборатирија?

Без разлика дали станува збор за телепортирање, левитација, или било какви други научно-фантастични проекти што може да замислите, Google би го разгледал во својата X лабораторија. Google Glass и автономните возила се дел од проектите излезени од оваа лабораторија, вели Бред Стоун од Bloomberg.

Проектите кои припаѓаат во Google X се оние кој се на границата на возможното. Дел од нив припаѓаат во научната фантастика, опишува г. Стоун. Неофицијално компанијата работи на интернет пристап за целиот свет. Реализацијата засега изгледа неверојатно, но шпекулацијата е дека ќе има „балони кој ќе носат предаватели за широкопојасен интернет“. Друг проект на кој работат е ветрогенератори кој се поставени на летала, а со земјата се поврзани со кабли. Проектот е дело на Makani Power стартап кој веќе е во изработка пет години, а се чини дека токму Google X е вистинското место за него.

Буџетот на Google X во 2012 година е речиси 7 милијарди долори, а се чини дека засега единствена опасност би можело да биде неприфаќање на проектите кои излегуваат од лабораторијата, што би довело до незадоволство кај акционерите. Сепак со проекти како Glass и автономните возила изгледа дека нема причина за загриженост.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Zgreska
Zgreska
13 years ago

ЛаборатОрија !

Мени
Заедница
Изглед
To top