Изработена од Горјан Јовановски, Let’s go out е апликација со која може да организирате настани со пријатели, да споделите планови и да најдете забава и журки околу вашата локација. Апликацијата е се уште во бета, има багови и грешки, вели Горјан, но е закачена на Google Play за да може да се проба, тестира и да се добие фидбек од корисниците. Ова е важно бидејќи
„Наместо по пораки и групи на Facebook и по телефон да бараме пријатели за дружба, доволно е на Let’s Go Out да направам настан и сите заинтересирани контакти може да се приклучат на истиот. Така веднаш знам кои пријатели ќе ме дружат за таа активност.“
Како и многу македонски стартапи, Let’s go out ќе биде наменета не за локалниот, туку за глобалниот пазар. Причината за ова е разбирлива бидејќи локалниот пазар е сиромашен, и нема доволно корисници кои можат да купат или да користат таква апликација, но со присуство на глобалниот пазар, надежот е дека ќе може да се привлече доволно публика. Во моментов апликацијата се усовршува, и приоритет е во додавање на нови функционалности, вели Горјан, потоа може и да се обиде да ја истурка на некој стартап натпревар.
[youtube]A7-pBtyQefU[/youtube]
Коментари
Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.
4 постари WordPress коментари