Lockwatch е бесплатна апликација за Android која ќе го заштити вашиот паметен телефон од кражба. Доколку некој се обиде да го отклучи и ја промаши шемата за отклучување, апликацијата автоматски ќе направи фотографија со предната камера и ќе ви ја испрати на имејл со неговата GPS локација. Звукот што обично се добива кога правиме фотографија е оневозможен, па така личноста ќе нема претстава дека е фотографирана.
За да ја користете апликацијата не се потребни многу дополнителни поставувања, туку само да поставите мејл адреса до која сакате да се испраќаат информациите и после колку погрешни обиди да биде испратено известувањето. Lockwatch работи на Android 4.0.3+ што има предна камера. Австралиските развивачи BlokeTech дошлe до оваа идеја откако на некој пријател му го украле телефонот.
„Идејата дојде откако на еден пријател со кој бев излезен му го украдоа телефонот. Мислев дека е одлична идеја да развијам апликација која одма ќе направи фотографија кога некој ќе се обиде да го отклучи вашиот телефон и да испрати фотографија и GPS локација на вашата мејл адреса.”, вели Чарлс за LifeHacker Australia.








