Апликација на денот: Креирајте посебни вибрации за секој контакт со Vybe

во Совети

Персонализирани вибрации не се ништо ново и веќе се достапни на неколку ROM-ови. Можноста за посебни вибрации за поединечни контакти ќе ви овозможи полесно да одредите кој ви ѕвонел без да погледнете на телефонот. Ова е одлична можност доколку сте на предавање или некој состанок, и не можете да се јавите, а ве копка кој ви се јавувал.

Vybe – Custom Vibrations е Android апликација со едноставен интерфејс и лесен за навигирање. За да снимате сопствена вибрација, само треба да притиснете на копчето за снимање и тапкајте на големото копче кое наликува на миксета, при што на мониторот што се наоѓа на екранот ќе се исцртуваат бранови.

Откако ќе ја снимате вашата вибрација, можете да ја зачувате за подоцнежно слушање и да ја додадете на контактот што сакате. За да ја додадете вибрацијата на контактот по ваша желба, кликнете на иконката за контакти изберете контакт, па изберете вибрација. Во моментот не постои можност за задавање имиња на вибрациите, туку ќе можете само да ги прегледувате графовите, па се надеваме дека ќе се снајдете. Исто така, Vybe нуди и можност за избирање на нова стандардна вибрација.

Vybe работи на Android 2.2+ и можете бесплатно да ја преземете од Google Play.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments