Првите бенчмаркови покажуваат дека Samsung Galaxy S4 навистина е „следното големо нешто“

Новиот Samsung Galaxy S4 покрај новата импресивна eye scrolling технологија, ќе има и импресивен хардвер. Иако уште од сега е јасно дека најинтересен дел од новиот телефон ќе биде софтверот, сепак хардверските перформанси на новиот предводник на јужнокорејската компанија се навистина моќни.  Galaxy S4 ќе доаѓа со Exynos 5410 прoцесор на 1.8 GHz и Power VR SGX 544 MP графички процесор. Телефонот доаѓа со 2GB RAM и 5-инчен Full HD дисплеј, 13 MP камера, Bluetooth 4.0 , а ќе има 16 или 32 GB внатрешна меморија, вели Techcrunch. Ќе работи на Аndroid 4.2 оперативен систем. 

Според бенчмарк тестовите направени со Android алатката Antutu кои ги објави италијанскиот HDblog.it , Samsung Galaxy S4 ќе ја „разнесе“ конкуренцијата кога станува збор за перформанси, иако за жал не можеме да видиме како ќе изгледа споредбата со  Nvidia Phoenix бидејќи овој импресивен телефон се уште не е подготвен за продажба

Според најавата новата итерација на Galaxy ќе доаѓа со GSM/WCDMA/LTE подршка што значи и дека телефонот ќе има една варијанта за разлика од досегашната практика со која Samsung правеше GSM и LTE верзии на телефонот. Galaxy S4 доаѓа на 14 март па дотогаш ќе има време да видиме повеќ информации за телефонот. Со оглед на тоа дека до излегувањето има уште речиси 10 дена, нема премногу да чекаме за да видиме кои од овие податоци ќе се покажат како точни.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments