0 коментари 1 мин. читање 21 ноември, 2013

OK Google: Наскоро ќе стартувате апликации на Chromebook со говорна команда

Гласовните команди кои се достапни за Android уредите наскоро би можеле да се појават и на Google-овиот лаптоп, Chromebook. Во последната верзија на Chrome OS за девелопери, оперативниот систем ја слуша „Ok Google“ командата и со неа стартува апликации, налик на „Ok Glass” командата на очилата за проширена реалност. Во моментов гласовната команда служи само за пребарување пример ќе му кажете на компјутерот „ОK Google“ дополнето со термин за пребарување, но според програмерот на Google, Франсоа Беуфорт, опцијата би можела да стане позабележителна во иднина, па корисниците би можеле со гласовни команди да одат Google Hangouts или пак на Gmail со можност да се испрати мејл до некој пријател само со кажување на неговото име.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top