Апликација на денот: Atooma ќе го направи вашиот паметен телефон уште попаметен

во Мобилни, Совети

Имате паметен телефон, зошто да не го направите уште попаметен? Atooma ви нуди целосна контрола и можност за манипулација со вашиот Android паметен телефон. Одлична работа на Android се сензорите кои Atooma максимално ги искористува и прави телефонот автоматски да извршува одредени работи.

Вклучете го Wi-Fi-то кога ќе стигнете дома, исклучете ги известувањата кога ќе бидете на работа или дури и читање на пристигнатите пораки, но тоа баш и нема да биде разбирливо за нас. Ова се само неколку примери за кои можете да ја искористите „if X, do Y“ функцијата на апликацијата, додека преку едноставниот и чист интерфејс што го нуди Atooma, можете да добиете целосна контрола врз вашиот телефон.

Условите можете да ги создавате според време, локација, а задачите можете да ги извршувате со вашите омилени апликации и функции што ги нуди телефонот, подетално и за кои услови можете да ги користите, можете да прочитате во описот на Google Play маркетот.

Atooma е бесплатна и можете да ја преземете од Google Play. (Благодарност до @Delicon што ја сподели апликацијата со нас.)

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
@p_filip
9 years ago

Ајде сега следува споредба на оваа апликација со таа на Microsoft, Project on{x} http://it.com.mk/microsoft-pretstavi-android-apli

dimitar
dimitar
9 years ago

Ova e super, ama ne veruvam baterijata da izdrzi ni eden den, vsusnost baterijata ke se isprazni za 2-3h zatoa sto koristi se (wifi, gps….).

види ги сите огласи на kariera.it.mk