Google не блокира!, вели заменик претседателот на Microsoft, Дејв Хеинер. Изјавата се однесува на наводните блокади со кои се соочува Microsoft за имплементирање на YouTube апликација на Windows Phone.
„Можеби мислите дека Google ќе се однесува коректно со оглед на тоа дека е под регулаторна контрола на два континента, особено како што се обидува да ги увераи антимонополски спроведувачи во САД и Европа дека може да им се верува врз основа на необврзувачки гаранции дека нема да ја злоупотребуваат својата позиција на пазарот. Сепак, како што влегуваме 2013 година, ова не е случај. Еве само еден пример: продолжуваме да се избегнува прашање кое ние се надевавме ќе биде решено до сега, а Google продолжува да го спречува Microsoft да понуди комплетна YouTube апликација за Windows Phone.“
Microsoft, пред се, се жали на недостапноста на API за Windows Phone оперативниот систем кои би можеле да ги интегрираат во веќе готовата YouTube апликација. Поради ова апликацијата чека за корисниците да добијат подобро пребарување, омилени видеа и подобро рангирање на видеа.
„Спротивно на тврдењето на Microsoft, прилично е едноставно за корисниците на Windows Phone да го користат Youtube. Тие можат да да пристапат до YоuTube преку HTML5 мобилната страна, со што ќе им биде овозможен квалитетен стрим, наоѓање на омилените видеа, разгледување на рангирањата на видеата и пребарување на видео категории. Всушност работиме со Microsoft некоку години за да помогнеме да се изгради одлично YouTube искуство на Windows телефоните.“, стои во реакцијата на Google.
Microsoft се повикува на одлуката на Европската Комисија со која се бара од Google да престане да ја користи својата моќ за да ги блокира ривалите. Сепак сето ова изгледа смешно кога Microsoft се обидува да поентира пред се бидејќи и самите се наоѓаат пред одлука на комисијата.
YouTube aпликацијата за iOS и Android е една од најкористините, и се рабира дека Microsoft би сакале да ја додадат на своите телефони за да им помогне во освојување на третото место на пазарот на паметни телефони.








Има одлични апликации на маркетот за јутуб. Вака само гоогле почнува се повеќе да ме нервира. Јас сум корисник на windows phone , но секојдневно користам гмаил јутуб. Тоа што гоогле мене ме отпишува богами и јас ќе го отпишам него