AdBlock Plus неделава ја објави својата 1.0 верзија за Android, па така сега и корисниците на Android паметните телефони ќе може да ги отстранат рекламите од прелистувачот и апликациите. Секако, ова е одлична вест за корисниците, но развивачите кои заработуваат од рекламите во своите апликации, нималку не ги радува овој потег. Апликацијата работи во позадина и ја филтрира содржината на ист начин, како и AdBlock Plus за било кој од прелистувачите за десктоп.
AdBlock Plus е потребно да ја стартувате еднаш за да ја поставите според вашите потреби, а останатото останува на неа. Но, има само една забелешка, а тоа е дека различни функционира на различни верзии на Android и дали е рутиран или не.
Доколку користите рутиран Android паметен телефон, тогаш AdBlock Plus ќе ги блокира рекламите кога сте поврзани и преку Wi-Fi и преку 3G, додека пак, доколку имате нерутиран Android 3.1+, тогаш ќе бидат блокирани рекламите само доколку сте поврзани на Wi-Fi мрежа. За нерутираните телефони, постари од Android 3.1+ потребни се некои дополнителни поставувања за кои можете да прочитате овде.
Апликацијата е бесплатна и можете да ја преземете од Google Play маркетот.
[youtube]TCwzYXUZmwA[/youtube]
ABP листа на мк страни: http://0.mk/abp
Додај сајт во листата: http://0.mk/dodajsajt