Апликација на денот: Бескорисна или не, Yo сега има над 1 милион корисници

За само неколку недели розевата апликација која не прави ништо освен што им праќа Yo на вашите пријатели, стигна од 60.000 до 1 милион корисници. Симната од некои заради љубопитност, од други бидејќи гледаат нешто корисно во неа, Yo е веќе интернет феномен кој се искачи на третото место на Apple App Store. Достапна за iOS и Android, со Yo секоја секунда се праќаат на 100-тина Yo пораки. Yo!

Тоа што ја прави интересна оваа апликација е што ги двои мислењата на корисниците и експертите. За многумина, вклучувајќи ме и мене, Yo е бескорисна апликација. Нема никаква вредност во праќање „Yo“ на моите пријатели, кога можам да му пишам јасна порака преку куп други апликации за чет и пораки. Ниту сленгот да се користи „Yo“ не доликува да го користам како поздрав. Но, за други, меѓу кои и познатиот инвеститор Марк Андрисен, Yo е нов тренд во се-поедноставната-комуникацијата помеѓу корисниците бидејќи е потребно само еден збор – Yo – за да привлечете нечие внимание. Една-битната комуникација преку мобилен веќе постои ширум светот, посебно во форма на пропуштен позив, пример два пропуштени повици помеѓу пријатели можат да функционираат како нотификација дека некој касни, или веќе стигнал на договореното место.

Единствен потенцијал во Yo засега се гледад а се користи како систем за нотификација, пример кога ќе ви почне натпревар тимот да испрати Yo до своите фанови, или да добиете Yo кога ќе ви заврши паркингот, или Yo кога ќе ви е готова пицата. Апликацијата веќе има соберено 1,2 милиони долари од ангел-инвеститори, што можеби ќе и помогнат да се развие во малку покорисен сервис кој користи и други пораки за поздрав, не само Yo. Yo веќе размислува како да биде корисна и за бизнисите. Интересно, Yo беше дури и хакната, што основачот Ор Арбел го сфати како „благослов“ бидејќи пробивањето и помогна на Yo да му покаже на светот дека е навистина едноставен сервис.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk