0 коментари 2 мин. читање 24 јуни, 2014

Започна масовното производство на два огромни iPhone модели

Kинеските партнери на Apple започнаа со масовно производство на два големи iPhone модели, кои, ако им се верува на изворите на Bloomberg, ќе бидат претставени заедно за неколку месеци, во септември. Се работи за 4,7 и 5,5 инчни модели, кои се поголеми од последните 4 инчни iPhone 5S/5C, и огромни споредени со првите четири генерации кои беа со 3,5 инчен екран.

Според извештајот, Apple се подготвува да ги претстави двата модели во исто време, и со тоа да одговори на конкуренцијата која објави огромни телефони од 5,7 инчни, поточно Samsung Galaxy S5 и HTC Оne M8. Целта на Apple е да го покрие и сегментот на големите уреди на пазарот, или таканаречените „фаблети“, кои се огромни за да бидат само телефон, премали да бидат таблет компјутер, но доволно големи да се носат во џеб. Потребата од ваквите уред доаѓа од желбата да се конзумира се повеќе содржина преку мобилните екрани кои имаат фантастични резолуции, па денес воопшто не чудно да гледате ТВ или филм во движење, или да читате книги на телефон. Според тоа што е на пазарот, се чини дека 5 инчи се оптималната големина.

Изворите на WSJ велат дека новите iPhone-и можеби ќе имаат и потенко, но и позаоблено стакло таканаречено „сталко од 2,5-димензии“ што е покомплицирано да се направи.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top