2 коментари 1 мин. читање

Gmail доби подобра безбедност за да се заштити од NSA и другите кои прислушуваат

Google ја зголеми безбедноста на Gmail и отсега сервисот ќе користи криптирана HTTPS конекција секој пат кога корисниците ќе и пристапат до своето поштенско сандаче. Сегашните промени значат дека никој не може да ги слуша вашите пораки додека одат кон и од Gmail серверите-без разлика дали користите јавна Wi-Fi мрежа, се логирате од компјутер, телефон или таблет, порача Google.

Ново е енкриптирањето на сите пораки додека патуваат помеѓу дата центрите на Google. Ова е одговор на праксата на NSA која ја обелодени Едвард Сноуден – да го „собираат“ некриптираниот сообраќајот помеѓу дата центрите и серверите, а од ланската објава ова е еден од главните приоритети на Google.

„Додека вие читате, пишувате или ги проверувате пораките има еден тон безбедносни мерки зад сцената кои го одржуваат вашиот имеј безбеден, сигурен и достапен секој пат кога ви е потребен“, предупредува Google.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top