0 коментари 1 мин. читање

Aпликација на денот: Правете колажи и нови приказни со Layout oд Instagram

Instagram претстави нова апликација Layout со која може да се поврзуваат неколку фотографии за да се направи една. Идејата е да се направат колажи на Instagram, и иако има еден куп вакви апликации за спојување на фотографии, сепак се работи за апликација на Instagram, eдна од најпопуларните друштвени мрежи, попопуларна и од Twitter. Зошто е толку голема можете да чуете на подкастот #ИТН.

Засега Instagram Layout е достапна само за iOS, но најавена е Android верзија. Layout е самостојна апликација, но има опции за да се споделат фотографиите на Instagram, на Facebook, кој е сопственик на Instagram, или на други друштвени мрежи. Има и интересна функција Faces со која се филтрираат само фотографии со луѓе на нив, за да ги поврзете пријателите. Според Instagram, дури 90 отсто од луѓето прават колажи со пријатели во нив. Но, има и Photo Booth опција за инстантно поврзување на фотографии кои се направени во неколку секунди, една по друга, што го прави колажот поавтентичен и спонтан.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top