0 коментари 2 мин. читање 10 април, 2014

Армијата на САД тестира Google Glass апликации за битки

Тимот на Американската авијација, интересно наречен BATMAN (Battlefield Air Targeting Man-Aided (K)nowledge), ја тестира можноста за употреба на очилата за проширена реалност Google Glass на боиштата. За почеток Google Glass, во пар заедно со таблет компјутери, се тестира кај санитетските тимови. На боиштето е тешко да се следи состојбата на критично повредените, додека им се помага на полесно повредените, а Google Glass е речиси совршен за ова. Друга одлична примена е добивање на фид од беспилотните летала кои го извидуваат теренот. Конечно очилата можат да се користат и за наведување на проектили лансирани од авиони или бродови.

„Предност е ниската потрошувачка на енергија, малиот отпечаток, поставен е над очите и не го блoкира видното поле,“ вели поручникот Ентони Истин.

Единствена грижа која ја имаат тестерите е дека можеби Glass ќе го одвлекува вниманието на војниците. Доколку резултатите од тестовите се позитивни Google Glass наскоро ќе се најде во употреба на армијата, а војската агресивно се залага за негова примена на терен, вели главниот инженер на тимот, Грегори Барнет, за NBC News.

Сепак Google не соработува со армијата директно во овој проект, ниту планира соработка, јави VentureBeat станува збор за очила од Glass Explorer програмата по која сите полнолетни жители на САД можат да се пријават за Glass Explorer. Неодамна Google објави дека нема да соработува со армијата надвор од договорите кои ги имаат компаниите Boston Dynamic и SCHAFT пред нивната аквизиција од Google.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top