YouTube и Twitch добија нов конкурент и тоа речиси во истата недела кога YouTube ја најави својата платформа за стримање. Јапонскиот сервис DeNAвлегува на пазарот со Mirrativ апликацијата која овозможува стрим на видеоигрите и апликации на Android.
Најголема предност на апликацијата е нејзината едноставност. Секој може со три клика веднаш да стане стример, односно медиум кој дистрибуира содржина. Апликацијата овозможува пренос на глас и видео на стримерот, но може да го пренесува и единствено она што го играте на телефонот, иако ова баш и не мора да биде видеоигра, со оглед на тоа дека може да биде било која содржина, без ограничување. Што се однесува до стримот, сервисот е налик на Meerkat или Periscope, односно секој стрим се споделува со сите кои го следат корисникот, без можност за преглед на видеата откако ќе завршат.
DeNA не е првиот сервис кој овозможува стрим на паметни телефони, но е првиот кој им овозможува стрим на сите, а не само на одбрани гејмери. Kamcord кој е конкурент на DeNA овозможува стрим но единствено за поатрактивни гејмери, вели TechCrunch. Mirrativ во моментов е ексклузивна за Android, но најавена е и iOS верзија, за жал корисниците на iPhone нема да можат да стримаат видео, туку единствено да следат што играат другите.