Персонализирана настава може да биде опасна за приватноста на учениците

Новите алатки кои овозможуваат персонализирана настава за секој ученик за жал не доаѓаат без опасност, предупредува New York Times повикувајќи се на американски случаи во кои имаше проблеми со приватност по што некои држави ги забранија овие алатки. Секој од овие технологии чија цел е да помогнат со учењето и да го направат поефикасно, го содржат името, датата на раѓање, имејл адресите, резултатите од тестовите и слични лични податоци за корисниците. Овие сервиси овозможуваат персонализирано образование, односно на секој ученик или студент му се обрнува повеќе внимание со предметите со кои има проблем. Но, за да може софтверот да дојде до релевантни податоци потребно е исто и да собира и да анализира куп лични податоци на учениците, вклучувајќи ги нивните навики и активности.

Пазарот за овие сервиси е во постојан пораст и во 2014 година само во САД, сервисите за основно и средно образование направија 8,4 милијарди долари. Поголемиот број на сервиси овозможува некој од нив незабележително да се „протне“ и да собира податоци кои ќе овозможат кражба на идентитет или маркетинг. „Сакаме да бидеме сигурни дека компаниите не ги продаваат податоците, не ги користат за маркетинг на учениците или на било кои друг начин кој е несоодветен“, вели Џон Албертс сенатор од Џорџија.

Ова е главна причина за новитe закон кои се донесоа во Џорџија и Делавер со кои на училиштата и сервисите им се забранува да ги продаваат или споделуват податоците на учениците, вклучувајќи ги оцените и социо-економскиот статус. Дополнително ниту еден од овие сервиси не смее да им испорачува реклами. Само во 2015 година во 46 федерални држави во САД се донесени 182 закони кои се однесуваат на овие сервиси и заштита на информациите на студентите и учениците.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk