0 коментари 2 мин. читање 11 септември, 2014

Апликација на денот: Forest ќе ве натера да се фокусирате на работата, или ќе ја уништите шумата

Гејмификација на обврските е еден начин како истите да ги направиме позабавни, и со тоа да се мотивираме да бидеме попродуктивни. Една апликација која ќе ви помогне во тоа е Forest: Stay Focused за Android и iOS, која ќе ве натера да останете подалеку од телефонот и другите апликации и да се фокусирате на работата или учењето.

Со Forest засадувате дрво на кое му требаат 30 минути да порасне, но, доколку отворите друга апликација тоа ќе умре, па ќе мора да почнете од почеток. Дрвата можеби се дигитални, но самата помисла дека ги уништувате може да ве натера да се чуствувате криво, па решението е да се фокусирате на работата, и да засадите цела шума „која ќе покаже дека сте работеле напорно“ што, нели?, самото по себе е задоволство. Сепак, апликацијата е добро осмислена и има App Whitelist опција со која може да ги обележите апликациите кои ви ги треба за работа, па дрвото ќе продолжи да расне и ако користите друга апликација.

(via Стојан Димитровски)

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top