Mozilla и Pornhub им се придружија на Twitter и Reddit во борбата за интернет неутралност

во Веб, Свет

Mozilla, Pornhub, Kickstarter, Twitter, Netflix, Reddit, Foursquare и куп други интернет гиганти се решија да се борат против забавувањето на Интернетот. Наречен како Internet Slowdown Day, овој настан беше протест за поддршка на интернет неутралноста, и за право на секој сајт да има ист третман од провајдерите без да мора да плаќа за побрза конекција.

„Интернет неутралноста е важна за нас како компанија. Важна е за нашите посетители и важна е за демократијата. Горди сме што сме дел од Internet Slowdown и ги покануваме сите да ни се приклучат“, вели Ерик Мартин од Reddit.

Симбол на протестот е „вртливото тркало на смртта“ кое е поставено на сите сајтови кои протестираат. Изборот на симболот е како предупредување за тоа што почесто би можело да го гледаме ви иднина – баво видео и бавни услуги. Дел од протестот се и Vimeo, Imgur, KickStarter, Digg, Firefox и WordPress. Денот за протест е избран како последниот ден на кои може да упатат критика граѓаните и компаниите од САД кои сакаат да интервенираат со промени во предолг законот. Следните 60 денa FCC ќе дискутира по поднесените предлози, по што законот ќе биде донесен. Се чини дека комисијата ќе мора да работи со полна пареа со оглед на тоа дека се поднесени речиси 1,5 милион предлози, рекорд во историјата на FCC.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments