0 коментари 1 мин. читање

Apex Legends ќе може да се игра соло две недели

Ако нешто ги обединува Fornite, Battlegrounds и Apex Legends тоа се Battle Royale механиките каде огромен број вистински играчи создаваат тимови и се пресметуваат на огромна мапа. Но, веќе подолго време, првите две игри од светото трио имаат соло режим на играње каде сами се втурнувате во хаосот од куршуми и експлозии. Apex Legends, по сè изгледа, реши да ја пополни празнината и да понуди нивна реализација за соло пресметките. Иако капацитетот на играчи не е потврден, се очекува бројот да биде 60 играчи, секој со свој крст за носење.

Соло режимот на играње ќе трае само две недели и многумина претпоставуваат дека со ваквото временско ограничување, студиотo Respawn само ги тестира водите и, доколку нивната формула се покаже успешна, модот би можел да здогледа второ и подолго место на сцената.

The Iron Crown Collection Event, како што напоменавме, ќе стапи со цела сила на 13 август и ќе трае две недели, односно до 27 август.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед
To top