0 коментари 1 мин. читање

Oxford Dictionary прогласи емотикон за „збор на годината“

За првпат Oxford Dictionaries за збор на годината избра емотикон. „Лик со солзи радосници“ е изборот на Oxford за збор на 2015 година, и според организацијата, причината зошто токму овој емотикон е избран е бидејќи во светски рамки е најчесто користен. На него отпаѓа дури 20 отсто од сите користени емотикони во Британија и 17 отсто во САД. Емотиконот се користи почесто во однос на 2014 година за 4 отсто во Британија и 9 отсто во САД. „Малечките сликички кои се користат во текст пораките и заменуваат повеќе зборови или емотивна состојба се користат одамна, на долго време ги користеа децата и тинејџерите. Сега ги користат сите, а секојдневната текст комуникација речиси и да не може да се замисли без нив. Зборот Емоџи доаѓа од јапонска кованица „е“ што значи слика, и „moji“ со значење буква“, вели Oxford Dictionaries.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top