Анонимизирањето на податоците не е гаранција за приватност

во Вести

Еден од условите за споделување и продавање на податоци на корисниците е тие да бидат анонимизирани. Сепак, безбедоносни експерти на Defcon покажаа дека анонимизирањето не е доволно. Све Екерт (Svea Eckert) и Андреас Дјус (Andreas Dewes) успеаа да ги „пробијат“ анонимизираните податоци и да ги поврзат со луѓето.

Експертите успејаа да ги пронајдат вистинските сопственици на анонимизирани податоци од 10 екстензии на Google Chrome. Со оглед на тоа дека процесот е сличен за сите компании кои продаваат податоци од корисници, се чини дека проблемот ќе се повторува. Експертите во своите истражувања успеаја да откријат кој судија разгледува порнографија и кој политичар користи дрога, вели Quartz.

Тие успеаја  да поврзат податоци од 3 милиони германци со нивните сопственици. Она што загрижува е едноставноста за откривање на луѓето. Сè што е потребно за откривање на идентитетот е идентификување на посетите на страниците за најава. Потоа, следејќи ги објавите на друштвените мрежи експертите успеваат да го откријат идентитетот на корисникот. Овој метод може да се користи за откривање на идентитетот од сите податоци кои доаѓаат со вклучени податоци за URL.

„Во голем дел од случаите сè што беше потребно е да се идентификуваат посетите на страниците за најава, каде самото URL покажува кој корисник се логира. Во други случаи истражувачите единствено требаше да го впарат посетеното URL во одредено време со јавно споделено URL на друштвените мрежи во истиот период“.

Што е анонимизирање?

Анонимизирање е процес со кој се отстрануваат сите податоци кои можат да идентификуваат некој корисник. Со ова изворот на податоците не може да биде откриен од овие податоци. Понатаму овие податоци можат да се користат како статистички показатели. Анонимизирањето на податоци се користи за заштита на приватноста на корисниците.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk