0 коментари 2 мин. читање 6 декември, 2013

Аниматор потроши четири години на stop-motion филм кој сега изгледа неверојатно

Такахиде Хори секој ден последниве четири години работи на својот проект, 30 минутен анимиран филм. Филмот е целосно изработен единствено од него, а доколку успее да најде инвеститори планира да даде отказ и целосно да се посвети на анимираните филмови, пренесува Kotaku. Иако г. Хори има искуство во моделирање и изработување на куклите кои ги користи во филмот, остатокот го научил сам во текот на креирањето на филмот.

Филмот е речиси целосно изработен во Stop Motion, но куси секвенци се изработени со CGI за кои имал помош. Stop Motion фотографијата е техника во која авторот ги фотографира секој фрејм посебно, поместувајќи ги моделите за секој фрејм. Иако веќе има неколку студија се понудиле за соработка г. Хори ја одбил бидејќи не сака студиото да влијае на финалниот продукт, затоа наскоро најавува Kickstarter кампања со која ќе се обиде да собере доволно средства за своето хоби. Целосната верзија на Junk Head 1 треба да биде објавена кон крајот на следната година.

[youtube]vc2i4pFlqYo[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top