Притиснат од судот, Microsoft го прекрсти Skydrive во Onedrive

во Веб

Microsoft ќе го промени името на својот облак за складирање od SkyDrive во OneDrive. Компанијата го регистрираше и доменот onedrive.com, а освен промената на името се останато е по старо. Содржините кои корисниците ги имале на SkyDrive, сега ќе бидат префрлени на OneDrive. Промената на името доаѓа откако Британскиот суд одлучи дека Sky е заштитен знак на британскиот радиодифузер British Sky Broadcasting Group, потсетува Verge. Засега нема повеќе детали околу ребрендирањето, но може да го погледнете промотивното видео со кое Microsoft го најави ребрендирањето.

„Промената на името на SkyDrive, продукт кој могумина го сакаа не беше лесен чекор… Возбудени сме поради промените и нестрпливи да споделиме уште информации“, вели Рајан Гавин од Microsoft.

[youtube]e4NsPPUDjyU[/youtube]

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Filip
Filip
8 years ago

Кои глупости се дешаваат еј… Патенти, дизајни, имиња, не ми се верува. Место ресурсите да се стават во напредок на технологијата, се ставаат по судовите. Катастрофа…

А и ова, не го сфаќам. Не се вика Sky Broadcasting туку SkyDrive, а плус второво е интернационално а не Бритиш. Да те фати страв веќе да направиш нешто, од секоја страна може да ти прелета некоја судска покана.

Joel Barish
8 years ago
Reply to  Filip

sega ke sledi nova tuzba od one.com koi se vikaat Cloud Drive :)
gluposti!!!