0 коментари 2 мин. читање 26 октомври, 2017

Android Studio 3.0 достапен за преземање

Google ја објави новата 3.0 верзија на Android Studio. Бета верзија е достапна веќе подолг период, но сега е достапна и стабилна верзија. Заедно со Android Studio официјално е достапна и Developer Preview верзијата на Android 8.1.

Првата верзија на Android 8.1 е достaпна единствено на Pixel 2 и Pixel 2 XL, Pixel, Pixel XL, Pixel C, Nexus 5X, Nexus 6P, и на Android емулаторот. Новитетите во новата верзија се однесуваат на оптимизација кај AndroidGo уредите; нови Neural Networks API за вештачка интелигенција; подобро автоматско пополнување на податоци и Shared memory API, кој овозможува споделување на меморија за податоци кои вообичаено се користат.

Новата верзија на Android Studio 3.0 сега овозможува побрзо развивање на апликациите и поддршка за Kotlin. Новитет е и поддршката за нови функционалности на Java 8. Подобрен е и Layout Editor за подобра контрола при „drag-and-drop“. Сепак можеби најважнa надградба, е побрзиот „build“, токму ова е причината за скок од 2.4 на 3.0. Целата листа на промени може да ја прегледате на блогот на Google.

Развивачите може да ја преземат Android Studio 3.0 верзијата од стабилниот канал или да ја остават постоечката верзија да се надгради.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top