0 коментари 1 мин. читање

Летот од Лондон до Париз за десет години ќе биде електричен

Wright Electric најави дека работи на технологија која за 10 години ќе може да превезува патници од Лондон до Париз со електрични летала. Авионите на овој пат со должина од околу 500 километри ќе можат да превезуваат 150 патници, јави BBC.

Засега интерес за технологијата покажа британската компанија за евтини летови Easyjet. Доколку се намали потребата од гориво, цената на авио-траспортот може значително да се намали, тврди стартапот. Батериите би можеле да бидат модуларни, и додека авионот е во воздухот, други батерии да се полнат на пистата за слетување. Ова ќе овозможи брза замена на батерии наместо чекање на пистата додека истите се полнат.

„Easyjet дискутираше со Wright Electrics и ќе обезбеди активна поддршка од перспектива на авио-оператор, за развој на оваа возбудлива технологија.“, вели претставник на Easyjet.

Најголем проблем со оваа технологија и можност за лет е тежината, но и капацитетот на батериите. Сепак компанијата верува дека во следните 20 години сите пократки летови ќе бидат електрични. Wright Electric има поддршка од Y Combinator кој најверојатно е најпознатиот и најуспешен во пронаоѓање на успешни проекти и технологии.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top