Telekom Austria Group е нов сопственик на Blizoo Македонија. Австриската компанија, која е сопственик и на Vip оператор, кој има околу 620.000 претплатници, сега ќе ги додаде и 63.000 претплатници на Blizoo во своето портфолио. Blizoo нуди ТВ услуги и широкопојасен интернет, и заедно со мобилните услуги на Vip ќе можат да понудат заеднички, таканаречени „конвергентни услуги“.
„Купувањето на Blizoo Македонија отвара широка лепеза на возбудливи можности за Vip оператор, со тоа што ќе ги сплоти силите и капацитетите на двете компании кон иден успех“, вели директорот на Vip, Никола Љушев. „Задоволни сме што по неколку години работење во мобилниот сегмент на пазарот, имаме можност да се вклучиме во фиксна и мобилна конвергенција, што ќе резултира во придобивки и за корисниците на Vip и за корисниците на Blizoo“.
Купувањето на Blizoo е можеби логичен чекор на Vip со оглед на тоа што другите конкуренти, Mакедонски телеком и One, веќе нудат мобилни и ТВ услуги, но и очигледно ако се погледне и дека Vip во соседните земји, поточна во Хрватска, веќе нуди мобилни, широкопојасен интернет и ТВ услуги. Ова е посебно значајно ако се знае дека сите три македонски оператори имаат лиценци за 4G мрежа, која е теоретски дизјанирана да достави високо-квалитетна телевизија преку мобилен. Blizoo веќе генерира приходи од 10 милиони долари годишно, од кои 4 милиони евра се заработка пред камати и даноци, и има над 63.000 претплатници. Vip пак прави нешто повеќе од 18 милиони евра приходи од својот удел од 28 отсто, кој секоја година се зголемува.
Коментари
5 коментари
Коментарите се затворени.