Апликација на денот: Apple oбјави апликација за снимање музика

0 коментари 1 мин. читање

Music Memos е нова бесплатна iOS апликација од Apple која е наменета за музичарите-аматери. Апликацијата е спој на Voice Memos и GarageBand, и веќе може да ја преземете од App Store

Апликацијата е едноставна и овозможува едноставно зачувување на идеите. Music Memos овозможува и споделување на музиката, и различни корисни алатки како апликација за штимање или додавање на ритам на музиката. Дополнително овозможен е автоматски почеток за снимање, а апликацијата има можност за препознавање на акордите и темпото, a постои и можност за додавање на ноти за да не ги заборавите подоцна. По снимањето на секоја композиција, истата може да се поправи преку GаrageBand или корисниците можат да ја споделат на Soundcloud. Апликацијата овозможува и додавање на ритам секција бас или тапани кои ќе придржуваат музичарите. Ова не може да замени вистински музичари кои свират, но воопшто не е лошо во недостиг на музичари.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top