0 коментари 2 мин. читање 13 февруари, 2012

Американското воено воздухопловство сака да се модернизира со 18.000 iPad 2

Целта на оваа голема нарачка на најпознатиот таблет компјутер во светот се должи на обидот американското воено воздухопловство да ги замени своите прирачници и карти за навигација со дигитални верзии на истите, со што место 18 килограми хартија што тешко се навигира и нема никаква функција за пребарување ќе се замени со дигитални верзии.

Во последно време можеме да забележиме обид кај американските државни институции да ги заменат традиционално хартиено базирани документи, книги и прирачници со дигитални верзии. Пример за ова е и обидот да се заменат образовните книги што се користат во училиштата, со лесни таблет компјутери кои можат да ги содржат сите потребни книги од целата учебна година.

“Цивилните воздухопловни компании веќе подолг период користат таблет компјутери за оваа цел и се многу понапред од нас.”, вели капетан Катлин Фереро.

Се почесто гледаме како лесни, релативно евтини таблет компјутер како навлегуваат во нашето секојдневие и нудат побрз и едноставен пристап до повеќе информации и комуникација, во случајот тој аспект на овие уреди може да служи како лек за бирократијата со која скоро сите држави се борат неуспешно.

Напишано од

Дамјан Цветков-Димитров

Дамјан Цветков-Димитров е дизајнер на игри и поранешен автор на IТ.com.mk. Има нездрава опсесија со интернет култура, нови медиуми, технологија, компјутерски игри, друштвени мрежи и електронска музика.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top