0 коментари 2 мин. читање 13 февруари, 2012

Кина го отстранува iPad од продавниците

Во контекст со неодамнешната пресуда во Кина со резултат непосакуван од Apple, властите во Кина почнаа со процесот на одстранување на iPad таблет компјутерите во некои продавници.

Локалната администрација за индустрија и трговија ги одстрануваат сите Apple iPad компјутери што ќе ги најдат на продажба, а продавачите и дистрибутерите се снаоѓаат со тоа што јавно не кажуваат дека имаат iPad уреди, туку чекаат клиентите сами вербално да побараат со тоа што се избегнуваат проверките на администрација за индустрија и трговија.

Apple има многу што да изгуби ако се забрани продажбата на iPad во Кина. Според адвокатот Сан Абрамс кој го предвиде ова сценарио пред неколку дена, шпекулира дека се работи за политичка игра и дека властите го одложуваат правниот процес да продолжи во целост за да можат двете засегнати страни (Proview и Apple) да склучат  меѓусебен договор.

Тој тврди дека ако постои политички благослов, сите продавници можат да бидат покриени од администрацијата за индустрија и трговија и нивните iPad компјутери да бидат одстранети, но сепак се работи за огромна фирма како Apple наспроти релативно непознатата Proview.

Напишано од

Дамјан Цветков-Димитров

Дамјан Цветков-Димитров е дизајнер на игри и поранешен автор на IТ.com.mk. Има нездрава опсесија со интернет култура, нови медиуми, технологија, компјутерски игри, друштвени мрежи и електронска музика.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top